X
 05.09.2017 Технологија

Како ќе изгледа светот во 2030 година благодарение на вештачката интелигенција?

Замислете дека доживувате 100 години и откривате дека неколку генерации експерти тајно го снимале целиот ваш живот, од детството до крајот. Секоја мисла, секое патување, заборавени услуги – илјадници коинциденции одненадеж добиваат смисла.

Ова можеби звучи како научна фантастика, но ако ова се случи поради вештачката интелигенција, наративот би се променил во ѕид од глобални информации. Ова е научна фантастика која преминува во наука. „100-годишната студија за вештачката интелигенција“ започна во 2014 година и беше дизајнирана за да обезбеди периодичен експертски преглед за вештачката интелигенција и нејзините влијанија како што напредува.

Во прегледот вештачката интелигенција обезбедува пристапен, научен и технолошки опис за генералната публика, опис на технологии кои во моментов се во развој и покренување етички и легални прашања за индустриската област. Прегледот ќе им помогне на локалните, националните и интернационалните влади, како и на истражувачите од оваа област, да постават приоритети.

Да замислиме дека е 2030 година. Дотогаш возилата што сами се движат ќе преминат и во летечки возила и персонални роботи. Возилата што сами се движат најверојатно ќе бидат секојдневие до 2021 година, а до 2030 ќе има уште помасовно користење на дронови, се вели во експертскиот преглед.

Човековите грешки се најголемата причина за несреќите што се случуваат на патиштата. Со автоматските возила тоа би требало да биде помалку застапено. И покрај тоа, ќе се отворат етички прашања околу тоа дали вештачка интелигенција или човек треба да одлучува во одредени опасни моменти на патот? Според информациите во експертскиот преглед, токму дроновите ќе бидат тие што ќе ги управуваат возилата. Учењето да се координира вештачката интелигенција ќе биде од клучно значење.

Во наредните 15 години напредокот во вештачката интелигенција и механичките технологии ќе резултира со побезбедна линија на домашни роботи. Потенцијални апликации ќе вклучуваат достава, чистење и безбедност. Во иднина, технолошкиот напредок ќе ни дозволи поголема интеракција со роботите.

Прецизност, забава, ефикасност, соработка и човекова мобилност се неколку од општествените промени што ќе ги видиме во иднина како што вештачката интелигенција напредува во својата комплексност, софистицираност и интелигенција, се разбира. Целиот експертски преглед можете да го прочитате на овој линк.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија