Дигиталниот уметник Гелн Маршал неодамна освои награда од жирито на фестивалот за краток филм во Кан за својот филм „Гавранот“ (The crow). Овој филм е специфичен по тоа што е направен со вештачка интелигенција.
Маршал користел видеозаписи како основа за филмот кои биле ставени во мрежа која користи вештачка интелигенција, а која го поврзала текстот со сликите. Конечно, било направено финално видео кое го претставува филмот.
Маршал е познат по видеото за песната „Voyager“ на „Дафт панк“, кое исто така било направено со помош на вештачка интелигенција. Во иднина Маршал планира да им додаде 3Д-анимација на своите креации со вештачка интелигенција.
За „Гавранот“, тој вели дека ги исполнува сите услови за добивање на престижните награди БАФТА.
- Не подготвив говор, но мечтаам за тоа да ја земам наградата во улога на известувач на вештачката интелигенција и да ѝ кажам на публиката полна со познати ѕвезди дека вештачката интелигенција доаѓа по секој од нив, без разлика дали е актер, режисер, сценограф, костимограф, уметник, композитор и дека сите ќе останат без работа - изјави Маршал.
Извор:
Benchmark
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)