X
 07.04.2022 Култура

Филм за мистериозната смрт на „кралот на криптовалутите“ е најновиот хит на „Нетфликс“

Документарецот „Не верувај никому: Ловењето на криптокралот“ е на второто место по гледање на „Нетфликс“, веднаш зад серијата „Бриџертон“.

По забележителниот успех на „Тиндер свиндлер“, „Нетфликс“ на гледачите им носи уште една приказна за можна измама и ја истражува теоријата дека Гери Котен, директор и основач на „Куадриџ-ес-екс“, некогаш најголемата канадска берза за криптовалути, ја лажирал својата смрт. Котен бил примен во болница при посета на Индија во декември 2018 година, каде што наводно починал од срцев удар.

Котен ги имал лозинките на корисниците на „Куадриџ“ зад кои стоеле 190 милиони долари, па не е чудо што неговата ненадејна смрт предизвикала сомнеж. Документарецот ги доведува во прашање можните објаснувања зад мистериозната смрт на Котен и поставува потенцијални теории на заговор.

Некои од овие теории се дека Котен ја лажирал смртта и побегнал со парите на корисниците, или дека бил отруен од неговата сопруга Џенифер Робертсон, која била со него во моментот на неговата смрт. Новинарите и експертите даваат своја анализа на настаните, а корисниците се здружуваат и започнуваат сопствена детективска истрага за да ја разјаснат заднината на приказната.

Младиот претприемач основал компанија за купување и продавање криптовалути во 2013 година, а во 2017 година преку компанијата поминале големи суми на пари. Следната година вредноста на биткоинот почна да опаѓа, а корисниците почнаа да се жалат на неможноста да ги повлечат своите пари.



Извор: Index.hr
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура