Да се биде љубезен и хуман секогаш е во тренд. Без оглед колку станува корумпирано, злобно и лажно нашето општество, да се биде личност која навистина се грижи за другите и се обидува да го направи светот подобро место е нешто што треба да се обидува да го прави секој.
И колку има помалку вакви луѓе, толку повеќе вредат. Пет години по неговата смрт, приказните за љубезниот и добар Робин Вилијамс нè потсетуваат дека доброто секогаш го надминува лошото.
Неодамна музичарот Брајан Лорд сподели прекрасна приказна за актерот. Тој откри нешто што целосно го смени начинот на кој Брајан го доживувал актерот. Имено, Робин Вилијамс секогаш барал организаторите на настани и филмови да ангажираат бездомници.
Единственото нешто што актерот го барал од компаниите што го ангажирале било да ангажираат и одреден број бездомници.
Холивудските ѕвезди честопати имаат големи барања, така што ваквото барање било нешто што Лорд воопшто не го очекувал.
- Сигурен сум дека Робин соработувал со овие луѓе, но сигурно одлучил и да ја искористи својата моќ како забавувач за да обезбеди компаниите и организаторите на настани да ја научат вредноста на давање шанси на луѓето да работат - изјави Брајан.
Откако дознал за ова, тој повеќе не ги гледал филмовите на Робин Вилијамс на ист начин.
Вакви приказни пристигнуваат и од други познати личности.
Актерот Рики Гервејс раскажа за еден настан на кој Вилијамс сакал да ги направи сите среќни. На настанот на кој учествувале заедно, комичарот ја поминал цела вечер настрана од сцената, гледајќи ги новите комичари, смеејќи се погласно од сите во публиката.
- Дури и кога не беше добро, тој се трудеше да ги насмее другите - вели
Гервејс.