Во Австралија биле откриени два нови вида животни што ѝ припаѓаат на групата цицачи. Тоа се летачки посуми што живеат во шумите во Австралија.
Откритието, кое било претставено во истражување, покажува дека има повеќе видови летачи отколку што се мислело досега. Истражувачот Кара Јангентоб вели дека откритието доведува до нова поделба на видот големи летачи и го потенцира недостигот на информации за другите можни видови големи летачи.
Истражувачите ги потврдиле разликите во ДНК на видовите летачи со генски тестови. Според оваа поделба, големиот летач сега се дели на три различни
вида што живеат во јужните, средишните и северните региони во Австралија.
Видот летачи се смета за загрозен поради уништувањето на нивните живеалишта во Австралија.
Автор: Бони Бартон
Извор:
cnet.com