X
 17.10.2015 Култура

Факултетот од кој се плашат и најхрабрите

Во градот Тастин во Калифорнија, САД се наоѓа измислен факултет наречен „Седумнаесетта врата“. Се работи за најстрашната зграда на ужасот и стравот која ги уплашила и најголемите фанови на хоророт.


„Факултетот“ има 17 соби, секоја пострашна од претходната. Куќата е приказ на умот на студентката Паула, чии мисли се пострашни од замисливото. Паула се бори со демони од минатото, со дрогата, анорексијата и има самоубиствени мисли.


Посетителите поминуваат низ соби во кои чудовиштата ги допираат, па дури и лижат. Во секоја соба се останува 90 секунди. За да излезат надвор, посетителите треба да молат за милост.


„Седумнаесеттата врата“ е направена од брачниот пар Роби и Хедер Лутер.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура