X
 21.06.2021 Живот

Благодариме, Гранде Пандев!

Кога Игор Ангеловски-Мрме седна во авион за Женова во 2015 година, знаеше дека следи важен разговор.

Но, она што не го знаеше беше најважниот момент во фудбалската историја на Македонија, кога Ангеловски и Горан Пандев ја одведоа Македонија до првиот голем натпревар во последните 30 години од стекнувањето на независност, пишува Би-би-си.

Можеби престојот на фудбалерите на Евро 2020 беше кратко, со оглед на тоа што репрезентацијата беше елеминирана по поразите против Австрија и Украина, но важен е фактот дека успејаа да се пласираат на еден ваков натпревар.

Целта на Ангеловски на тој лет беше да го одврати Горан Пандев од неговата одлука за меѓународна пензија.

Шест години по ред, тој е рекордер со скоро двојно повеќе голови (38) од играчот под него на листата. Токму неговиот гол ја испрати Македонија на првото големо натпреварување, а неговиот гол против Австрија во деби-мечот на ЕП предизвика огромна еуфорија и продолжена надеж за нашата фудбалска приказна.

И се разбира, Пандев се запиша во листата на стрелците кога репрезентацијата во март ја совлада Германија со 2:1 до Дуизбург, на квалификациите за Светско првенство.

Ова беа моменти за кои македонските навивачи мислеа дека никогаш нема да се случат.

1
Фото: Фејсбук/ Фудбалска репрезентација на Македонија

Пандев потврди дека денешниот натпревар против Холандија ќе биде последен за него во дресот на македонската репрезентација. На 27 јули, тој ќе наполни 38 години.

Во 2001 година стартуваше репрезентативната ера на Горан Пандев. Струмичанецот, како тогашен фудбалер на Беласица, со само 17 години, десет месеци и единаесет дена, дебитираше во „црвено-жолтиот” дрес. Неговиот деби-настап се случи на гостувањето кај Турција во Бурса, кога одигравме одличен натпревар и успеавме да извлечеме реми со 3:3 против моќната Турција.

Репрезентативното резиме на Пандев е пребогато, но доволно е да се спомене дека тој е рекордер по бројот на голови со 38 и по бројот на настапи со 119. Пандев го држи и рекордот за најмлад стрелец, кога против Малта во 2002 година даде гол со само 19 години, еден месец и 25 дена. „Гранде Пандев” дури на 66 меча досега ја има носено капитенската лента.

- Пандев е крал за она што го прави. Не можам ни да објаснам колку неверојатна личност е тој. Секогаш сака да им помогне на сите. Мислам дека нема никој како него во Македонија, и како играч и приватно. Тој е комуникативен човек и сака да разговара со сите - вели Кире Ристевски, централниот бек на македонската репрезентација.

Пандев основаше свој тим во неговиот роден град, Струмица, „Академија Пандев“. Станува збор за еден од најуспешните младински фудбалски проекти во земјата, чија амбиција е да создава постојан проток на таленти.

Ристевски верува дека Евро 2020 е доста корисно во тој поглед.

- Станува збор за голема шанса, особено за младите момци. Знаеме дека нашата лига не е многу силна, но има играчи со потенцијал. Тие може да одат во големи тимови и да напредуваат во странство. Тоа може многу да ѝ помогне на младата генерација - вели Ристевски.

1
Фото: Фејсбук/ Фудбалска Репрезентација на Македонија

Имаше огромна еуфорија кога Пандев израмни на натпреварот со Австрија на 13 јуни, но двата гола во последните 12 минути значеа дека нивното деби заврши со пораз. Исто така имаа одлично второ полувреме за време на натпреварот со Украина, кога Алиоски погоди за 2:1. Иако тоа значеше крај за репрезентацијата на Европското првенство, сепак може да се каже дека не беа надиграни.

- Во второто полувреме против Украина покажавме зошто го заслуживме местото на Европското првенство. Овој македонски тим има квалитет и заслужува да биде тука. Сепак, жалиме што не заврши со позитивен резултат - изјави селекторот Ангеловски.

Со години, можноста Македонија да се квалификува или на Светско или на Европско првенство се чинеше далечна, или во најлош случај, непостоечка.

Но, тоа се смени со доаѓањето на Лига на нациите на УЕФА, натпреварување кое првично беше исмејувано, но нудеше можност помалите фудбалски нации на континетот да стигнат до квалификации.

Македонија се најде на првото место во групата во Лига на нациите во која учествуваа Ерменија, Гибралтар и Лихтенштајн, со што си обезбедија пласман во баражот за Европско првенство 2020 против победниците од другите мини-лиги во Лигата на нациите.

Тоа ги остави Белорусија, Косово, Грузија и Северна Македонија со можност за пласман на Евро 2020, при што Македонија со победа над Косово и Грузија, успеаја да стигнат до Европско првенство.



- Кога знаете дека вашата земја е горда на вас, не можете да ги задржите емоциите. Тоа се емоции кога сте среќни, но ви се плаче. Не сум во можност да објаснам - вели Ристевски.

Квалификациите за Евро 2020 беа огромен момент за љубителите на фудбалот - но и за нацијата како целина.

- Ова е земја во која животот на луѓето е потежок отколку во другите разивени земји во Европа. Три децении, Македонија не беше ни близу некој турнир. Можевме само да сонуваме за тоа. Квалификвуањето за Евро 2020, како и неодамнешната победа против Германија во квалификациите за Светско првенство, ѝ донесе огромна радост на Македонија. Победите на фудбалскиот тим треба да бидат патоказ дека целата земја може да оди напред и да ја стигне Европа на сите полиња - изјави за Би-би-си, Никола Ѓуровски, главен уредник на фудбалската веб-страница „Макфудбал“.

Исто така, постои надеж дека појавувањето на Евро 2020 ќе биде отскочна даска за фудбалската иднина.

Во 2016 година, тимот беше рангиран на 162. место на рангирањето на ФИФА, но оттогаш се искачи за точно 100 места.

Победата над Германија значи дека Македонија е втора во нивната квалификациска група за Светско првенство како што стојат работите, со турнирот во Катар што ќе се случи за 17 месеци.

Фото: Фејсбук/ Фудбалска репрезентација на Македонија
Подготвил: Тамара Гроздановски, Никола Петровски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот