X
 17.06.2022 Технологија

Интернетот на „Старлинк“ е достапен во Македонија. Погледнете колку чини

Сателитската интернет-услуга на „Спејс-Екс“ наречена „Старлинк“ сега е достапна во Македонија, соопштија од компанијата на Илон Маск на „Твитер“.

Доколку сакате да го користите сателитскиот интернет, ќе треба да платите 39.700 денари за хардверот, односно сателитската чинија и рутерот, додека доставата и монтажата чинат 3.650 денари.

Месечната претплата, според податоците наведени на страницата на „Старлинк“, Македонците ќе ги чини 6.570 денари месечно.

Фото: „Старлинк“ (printscreen)

Американските медиуми веќе некое време пишуваат дека месечната претплата е превисока за интернет-конекција, особено за конекција што не е ни приближно брза како оптичката конекција, но Маск смета дека инвестицијата вреди за луѓе што досега живееле без пристап до брз интернет.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија