X
 26.10.2020 Живот

Отворен хотел во светилник на изолиран остров во Шведска

Шведскиот хотел „Патер Ностер - Дом на хоризонтот“ е совршен за оние што сакаат изолирани хотели. Првиот дел од името е од поранешен светилник изграден во 19 век, додека вториот совршено ја објаснува местоположбата на хотелот.

Хотелот се наоѓа на островот Хамнескар, во близина на Гетеборг, Шведска. Тој има 9 соби во кои може да се сместат 18 гости. Во рамките на хотелот има и место за кампување, ресторан, бар и кафуле.



Светилникот „Патер ностер“ бил изграден во 1868 г., а водата околу него се сметала за опасна. За островот се сметало дека е непогоден за живот, но биле изградени куќи за чуварот во светилникот и неговото семејство. Во речиси 110 години повеќе чувари на светилници живееле на островот со нивните семејства и се грижеле за светилникот и спасувале морнари.

Сега, група шведски претприемачи, хотелиери, дизајнери и професионални морнари ги здружиле силите за да му дадат нов живот на овој комплекс од згради. Тие ги претвориле старите куќи во хотел во кој гостите може да уживаат во масажи, медитација или едноставно да уживаат во зајдисонцето.



Во ресторанот се служат свежи риба и морски плодови, а во кафулето на отворено се служи традиционална храна. До островот се стигнува со брод или хеликоптер. Едно ноќевање чини 284 фунти по лице, а може да се изнајми целиот остров за 15.720 фунти за една ноќ.

Автор: Џенифер Њутон
Извор: dailymail.co.uk
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот