25.01.2019
Живот
Германeц заглавил меѓу два вагона од воз кој се движел со 200 км на час
Германeц кој патувал кон Хамбург со воз излегол да испуши цигара, па останал заглавен меѓу два вагона при движење со брзина од 200 километри на час и на минусни температури. Но, сепак, човекот преживеал, соопшти германската полиција.
Патниците го слушнале крикот на 33-годишниот човек и, како што пренесува ФЕНА, и ја повлекле сопирачката за итни случаи овозможувајќи му да влезе во возот. Тој потоа е предаден во станица во Есен и бил „недвосмислено информиран од страна на Федералната полиција во каква смртна опасност бил во тој миг“.
Имал среќа што преживеал, но сега е под истрага за ризично однесување во сообраќајот.
Извор: МИА