X
 27.05.2024 Живот

Компанија бара кандидат што ќе се капе во базени и нуди плата од 100.000 долари

Летната сезона е речиси тука, така што треба да размислите за едно убаво капење во базен. А ова лето можете и да добиете плата за тоа.

„Свимпли“, веб-страница која им овозможува на луѓето да изнајмуваат приватни базени, топли кади и други места, бара „главен офицер за базени“ кој ќе ги посети базените во сите 50 американски држави и ќе ги тестира. И, секако, ќе добие компензација за оваа задача.

Имено, компанијата бара некој што ќе ги рецензира базените во сите 50 американски држави, посетувајќи што е можно повеќе базени помеѓу јули и септември. Во замена компанијата ќе му плати 100.000 долари.

Пакетот вклучува основа исплата од 50.000 долари за покривање на работата, патните трошоци и јадењето, плус 50.000 долари бонус за ангажираноста и бројот на базени што кандидатот ќе ги посети.

- Кандидатот ќе треба да ги покаже своите вештини и да ни помогне да ги откриеме и споделиме најдобрите базени во дворовите низ Америка. Ова е повеќе од работа од соништата: ова е летна забава на базен. Така што, ако имате страст за базени, помогнете ни - вели Дерек Калоу, извршен директор на „Свимпли“.

Потребно е документирање на целото искуство на социјалните мрежи (вклучувајќи и создавање блогови на „Инстаграм“, „Тик-ток“ и „Јутјуб“) и пишување листи со најдобрите базени на веб-страницата на „Свимпли“.

За да учествувате, треба да направите видеобиографија која ќе ја нагласи вашата експертиза. Потоа, видеото треба да се објави на социјалните мрежи и да се тагне @swimply со користење на хаштагот #SwimplyDreamJob. Пријавувањето трае до 15 јуни.

Извор: Travel + Leisure
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот