X
 21.06.2024 Живот

Куферот ви е црвен? Еве зошто долго ќе го чекате багажот на аеродром

Патниците кои имаат црвен куфер можеби ќе треба да чекаат малку подолго од вообичаено за својот багаж на аеродром. Има објаснување зошто црвените куфери се ставаат први во авионот, а потоа се вадат последни.

Повеќето авиокомпании се придржуваат до непишаното правило дека црвените куфери секогаш се ставаат во „стомакот“ на авионот. Долго време ништо не се знаеше за оваа практика, до моментот кога еден тик-ток-корисник, кој работи како пакувач на багаж, не сподели видео на кое се гледа како куферите се ставаат во просторот за багаж.

Видеото за брзо време стана вирално, а објаснувањето во него е многу едноставно. Црвените куфери се неспоредливо позабележителни од багажот со други бои, па помали се шансите да бидат заборавени во „багажникот“ на авионот.

@airportlife_ Boeing 737 loading! 💪🏻✈️ #airport #aviation #aircraft #plane #flight ♬ i like the way you kiss me - Artemas
Извор: b92.net
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот