X
 06.11.2022 Живот

Иво Андриќ: „Да заразиш некого со чекање е најсигурниот начин да владееш со него“

Да се зарази некој со чекање е најсигурниот начин да се владее со него, тоа значи да се направи неподвижен и безопасен засекогаш, а оваа измама на чекање е потешка од секој затвор бидејќи со многу среќа и вештина, од затвор може да побегне човек, но од тие измами никогаш.

И така, премолчено прифаќајќи ги животните услови што ви ги поставува непријателот, живеете како што тој сака; всушност, и не живеете, туку трпеливо чекате, додека целиот ваш живот, со сето она што сте го очекувале, не се претвори во трпение и бескрајно чекање, што значи дека сте прифатиле доброволно уништување на себеси и на вашето потомство.

За да не ве убие непријателот со сопствени раце, ве заразил со тоа чекање кое ве одржува во живот и полека ве убива. Ќе овенете и ќе исчезнете како што многу народи и предци во Отоманската Империја овенале и исчезнале пред вас на ист или на сличен начин.

Не ни забележале дека се незабележливо префрлени од патот на вистинскиот живот на мртвата патека на чекањето без крај и цел. Своето чекање не го чувствувале како товар или понижување, бидејќи самите се претвориле во чекање.

Сè што сте и сè што знаете, умеете и можете е ставено во служба на тоа бескрајно чекање и без никаква перспектива за реализација. За некои, еден век поминува во болно и залудно чекање, додека други добиваат сè што сакаат и се надеваат без трошка чекање.

Иво Андриќ

Извор: 6yka.com
Фото: Wikipedia
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот