X
 28.02.2017 Култура

Човекот кој 33 години чекаше Оскар

оскар

Ако мислите дека Леонардо ДиКаприо долго време чекаше Оскар, тогаш веројатно не сте слушнале за Кевин О'Конел, кој го прекина неговото „проклетство“ и после 21 номинација конечно ја доби златната статуетка.

Првата номинација за најдобра монтажа на звук ја добил уште во 1984 година за филмот „Terms of Endearment“, а до 2017 година бил номиниран дури 20 пати. Меѓу филмовите на кои работел се „Top Gun“, „A Few Good Men“, „Pearl Harbor“, „Spider-Man“, „Тransformers“...

Меѓутоа, „баксузот“ успеал да го прекине со монтажа на звукот на филмот на Гибсон „Hacksaw Ridge“. Кевин не го очекувал Оскарот, со оглед на тоа што фаворит за оваа награда бил, сосема очекувано - „La La Land“. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура