Првпат научниците забележаа некои од тајните аспекти на молекулите. Кога тие ќе добијат или ќе изгубат електричен полнеж, нивната структура може да се промени, а сега физичарите успеаја и да ја снимат таа промена на нивниот облик.
Научниците Шади Фатајер и Лио Грос со помош на микроскоп на атомски сили ги испитале промените кај четири вида молекули.
Микроскопот на атомски сили е специјална направа која меѓу врвот на сензорот на микроскопот и површината на примерокот чувствува интеракција на атомските сили на мала оддалеченост (0,1 до 10 нм) и дава извонредно детална слика од молекулите и нивните внатрешни врски.
За да му додадат електричен полнеж на молекулот, научниците преку сонда на површината на примерокот пуштиле слаб напон. Целиот експеримент е спроведен во исклучително ладна вакуумска комора за да се обезбеди статичност на молекулите.
Грос и неговите колеги и претходно развиле техника за снимање молекули и техника на контрола на полнежот на молекули, но сега успеале да ги комбинираат тие две процедури и истовремено да ги снимаат молекулите и да го контролираат полнежот.
Тие снимиле 4 различни молекули во две или повеќе од овие 4 состојби: позитивна состојба (минус еден електрон), неутрална (ист број на протони и електрони), негативна (плус еден електрон) и двојно негативна (плус два електрона). Сите четири молекули реагирале различно на промените во полнежот.
Така, на оваа снимка можете да видите како молекулот на профин (C20H14N4) ја менува својата структура додека губи електрони.
- Кога додававме или одземавме електрони, се менуваше структурата на молекулите. Од претходно знаевме дека се случува тоа, но поради отежнатиот пристап, не знаевме како точно се менува таа - истакна Грос.
Она што е интересно е што различни молекули на различен начин го менувале својот облик при додавањето или одземањето на електрони. На пример, молекулот на хемиското соединение азобензен (C12H10N2) се свиткал целиот, а молекулот на пентаценот (C22H14) реагирал на дополнителните електрони само на одредени подрачја.
Кај порфинот се менувале должините и видовите на врските меѓу атомите.
Разбирањето на споменатото дејствување во молекулите ќе ни помогне подобро да ги искористиме тие
молекули.