X
 08.10.2019 Технологија

Мислите дека моторизираните тротинети се новост? Не, оваа снимка е од 1959 година

Сигурно во последно време сте го забележале напливот на електрични тротинети на патиштата. Сигурно мислите дека се одлична нова иновација. Но, судејќи според снимките од филмската архива во Чикаго, не се баш новост. Имено, моторизираните тротинети биле актуелни уште во 1959 година. Нема премногу информации за овој изум, освен дека ги викале „скутер“.

На снимката нема звук, но веројатно човекот што го вози е негов изумител, а снимен е на Технолошкиот институт во Илиноис. Се претпоставува дека во тој период тој таму бил студент, професор или асистент на институтот.

Тротинетот, како и денешните, изгледа добро, но не изгледа баш сигурно. Нема никаков волан, веројатно за да може да се склопи, да се стави во торба и да се носи со себе.

На видеото може да се види како момчето го склопува во неколку чекори.



Се чини дека тротинетот е опремен со бензински мотор, а не електричен. Во еден момент јасно се гледа чадот од предниот дел на тротинетот. Веројатно поради тоа бил бучен.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија