На сите ни е познато колку вешти ловци се орлите, а ова видео е доказ за предаторските вештини на грабливата птица.
Имено, снимката направена со дрон од страна на фотографот Адам Калбертсон од Јута, САД, почнува слично како и сите негови други снимки - дрон лета над карпите во близина на националниот парк Капитол Риф во Јута. Но, една минута по почетокот може да се види дел од крило на орел. На крајот се гледа и дел од главата и клунот на птицата, поголем дел од крилјата, како и стомакот.
Фотографот го барал дронот, но не успеал да го најде бидејќи орелот го однел предалеку и изгубил конекција.
Во секој случај, ова видео е пример за тоа колку слаба може да биде нашата технологија кога ќе се соочи со моќта на природата.
Извор:
Futurism