Фараонот Рамзес II, освен како египетски владетел, ќе остане запаметен и како првата мумија што добила пасош, и тоа речиси 3.000 години по смртта.
Во 1976 година, поради префрлање во Франција, мумијата морала да поседува пасош бидејќи без тој документ не можела да го напушти Египет. Египетските власти барале секој што ја напушта земјата, без разлика дали е жив или мртов, да има соодветни документи.
Во делот во кој требало да пишува
професија, пишувало починат крал, а на аеродромот во Париз, Рамзес бил пречекан со највисоките воени и државни почести, какви што му доликуваат на еден крал.