Туристичките дестинации во регионот веќе ги пречекуваат своите посетители. Доколку планирате да одите на летување на некоја туристичка дестинација на Јадранското Море, еве какви цени ве очекуваат. Босанскиот портал „Кликс“ направи анализа на цените на неколку познати градови на јадранскиот брег.
Макарска, Хрватска
Макарска е една од најпознатите туристички дестинации во Хрватска. Оваа сезона, едно четиричлено семејство за летување од 7 дена, односно 6 ноќевања, во Макарска би требало да издвои просечно околу 1.600 евра. Ова се однесува на хотелско сместување. Цените за хотелско сместување во Макарска за четиричлено семејство се движат од нешто под 1.000 евра до 3.500 евра.
Фото: Макарска/Pixabay
Доколку се одлучиле за приватно сместување, цените се малку пониски. Едно четиричлено семејство би требало да издвои околу 560 евра.
Херцег Нови, Црна Гора
Во Херцег Нови, цените не се сменети многу во однос на претходните години. Во просек, едно четиричлено семејство за седумдневно летување би издвоило околу 800 евра.
Фото: Херцег Нови/Pixabay
Приватното сместување во овој црногорски град за четиричлено семејство би чинел околу 545 евра.
Неум, Босна и Херцеговина
Во единствениот босански град кој излегува на море цените за сместување и во угостителството оваа година се поскапи од минатата сезона. Цените за приватно сместување во Неум се движат во просек околу 510 евра, од 450 евра до 1.100 евра. Ова се цени за шест ноќевања за четиричлено семејство.
Фото: Неум/Pixabay
Кога станува збор за хотелското сместување, едно четиричлено семејство треба да издвои просечно 690 евра за шест ноќевања во Неум.
Извор:
Klix