Лаура Микиќ е матурантка од Загреб на која ѝ бил поништен испитот на државната матура по мајчин јазик бидејќи на есејот се потпишала со цело име и презиме.
Според хрватските медиуми, таа по грешка се потпишала на есејот и затоа ѝ бил поништен целиот испит. Според правилникот, доколку бил поништен само делот со есејот, таа би го поминала целиот испит, но комисијата одлучила да ја казни со најголемата казна и да го поништи целиот испит.
Таа нема право ниту да се жали на одлуката, па затоа со писмо се обратила до директорот на комисијата. Во продолжение следува целото писмо.
- Се викам Лаура и ова е мојата исповед во моменти кога ги доживувам најлошите денови во своите 18 години живот. Единствено поболно од ова што ми се случува во летното тестирање на државната матура би ми било некој близок, не дај боже, да го изгуби животот.
Деновиве се исушив, го изгубив патот во музичкото образование кое вредно го градев со години, ја изгубив и насоката на вербата дека некој сака да ме слушне, дека некој сака да го прочита мојот приговор. Положив математика и англиски јазик на државната матура. Имам и доволно поени од тестот по хрватски јазик, но бодовите на есејот ми се поништени бидејќи сум се потпишала.
Случајно, среде големата доза стрес и умор, го потпишав есејот на хрватски јазик бидејќи истите денови кога полагав државна матура го полагав и приемниот испит на Музичка академија - насока клавир, кој го положив со одличен резултат. Понатаму е само пекол од неправда која не би му ја посакала ни на најлошиот непријател.
Писмениот приговор со образложение и молба да ми се поништи само тој дел од испитот и дека на таков начин успешно ќе ја положам матурата и со тоа успешно ќе се запишам на Музичка академија - насока клавир во летниот уписен рок, никој не сакаше да го слушне, а уште помалку да го земе предвид.
Софтверскиот робот во апликацијата веќе ме блокирал. Директорот на Центарот донел одлука да ми се поништи целиот испит иако хрватскиот јазик се полага во два различни дена, а есејот не е елиминациски дел од испитот по хрватски јазик, што значи дека од есејскиот дел може да се предаде празен тест, да се добие 0 бодови и сепак да се положи тестот по хрватски јазик на матурата.
Па кој тогаш тврди дека есејот е елиминациски дел од испитот? Апликацијата ми јавува „дисквалификација“ иако правилникот за државна матура не познава, во ниту еден член или ставка, таков термин. Нагласувам дека испитниот каталог за државна матура за учебната 2012/2022 година носи забелешка: УЧИЛИШНИОТ ЕСЕЈ НЕМА ДА СЕ ОЦЕНУВА доколку барателот се потпише со полно име и презиме.
По неколку прашања до канцеларијата на директорот и обид за контакт во комисијата, конечно добивам ист одговор. Одлуката на директорот на Центарот е конечна, така навистина пишува во правилникот. Се прашувам дали тоа се коси со моите основни човечки права кои вклучуваат право во секое дејствување на властите и приватните институции примарно да се води сметка за заштита на интересите на децата.
Право надлежните во Центарот барем да ме слушнат, да го слушнат мојот крик на вистината. Да сум не дај боже криминалец кој сакал да мами, сега не би излегувала со оваа исповед во јавноста, бидејќи верувајте ми, ниту малку не ми е лесно и пријатно.
И покрај формално положената матура и врвно положен приемен испит за клавир на Академијата, поради вакви ексклузивни одлуки на директорот на Националниот центар за надворешно оценување, ќе мора да паузирам цела академска година. И каде е сега „земјата на знаење, земјата на извонредноста“ која ја пропагираат креаторите на образовни политики. Се прашувам што би направиле доколку ова им се случило на нивни ќерка/син, внука/внук.
И потоа се чудиме кога младите ни заминуваат од земјата. Дали и јас ќе бидам една од нив и дали некому му е грижа? За мене, единствено логично, разумно и праведно решение е да ми се поништи само есејот по хрватски јазик кој е единствен кој е потпишан, бидејќи по правилникот, во мојот случај, според член 31, ставка 1, под точките 2 и 6, се предвидува мерка поништување на испитот или дел од испитот.
Само барам донесувачите на ваквата строга одлука да ми ја појаснат целта бидејќи во комисијата не примаат партии, па се прашувам каде исчезна човекот? Нека ова мое писмо барем биде помош на другите млади луѓе да не им се повтори истата ситуација, да не бидат жртва на површни одлуки како мене.
Извор:
Index
Насловна фотографија: Pixabay