X
 21.08.2021 Живот

„Фејсбук“ откри кои се најчитани објави

Политичките вести не се најчитани на „Фејсбук“, барем кога станува збор за корисниците од САД. Компанијата што стои зад социјалната мрежа објавила извештај за најчитаните содржини од страна на корисниците.

Најпопуларна објава во првите три месеци од годинава била онаа во која треба да најдете зборови што го отсликуваат вашиот живот. Слични објави со прашања и предизвици се помеѓу другите најчитани годинава.



Објава во која се прашува дали шеќерот се користи во шпагети имала 58,6 милиони прегледи.



Најпопуларна страница на „Фејсбук“ во САД е „Типичната мајка“ (The typical mom) бидејќи две објави од оваа страница се меѓу најпопуларните 20 објави на „Фејсбук“.

Во извештајот, компанијата анализирала објави од април до јуни, а не биле земени предвид платените објави.

Најпопуларни веб-страници на кои корисниците пристапувале преку „Фејсбук“ се „Јутјуб“, „Амазон“ и УНИЦЕФ.

Извор: BBC

Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот