X
 26.09.2021 Технологија

„Фејсбук“ открива кои објави се кријат од почетната страница на корисниците

Компанијата „Фејсбук“ открила детали за видот на објави што ги крие од почетните страници на корисниците. Алгоритам одредува кои објави ќе се појават први кога ќе го отворите „Фејсбук“.

Начинот на кој работи овој алгоритам е мистерија уште од неговото воведување. Од „Фејсбук“ изјавиле дека доколку откријат повеќе детали за алгоритамот, луѓето би можеле да го измамат.

Сега, компанијата открила некои детали за објавите што се поместуваат на дното од почетната страница, односно за кои шансите да ги видите се најмали. Според компанијата, ова се објави кои не ги прекршуваат основните правила и не може да бидат отстранети, но сепак се оценети дека се со лош квалитет и се кријат.


Фото: Pixabay

Тука се објави што имаат спам-информации, лажни информации и кои ги ставаат другите во ризик. На целосната листа, која може да ја погледнете овде, се наоѓаат и објави со коментари со лош квалитет, комерцијални објави поврзани со здравјето, објави со неоригинална содржина, објави од луѓе што пречесто објавуваат во групи и објави на луѓе што имаат повеќе профили.

Од компанијата не откриле повеќе детали за категориите објави што почесто се кријат од другите и слично. Тие изјавиле дека правилата веќе се применуваат, но ќе се менуваат со текот на времето.

Извор: Independent
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија