Во случај да пропуштивте...
Ви нудиме краток преглед на авторските теми што ги објавивме неделава:
Скромниот вевчанец Мартин Попески е магистранд на ЕТН во Цирих со целосна стипендија, учи за вештачка интелигенција и примена на алгоритми
На прашањето дали во иднина би останал во академскиот свет или би преминал во приватниот сектор и во која држава би го направил тоа, сè уште немам одговор. Македонија секогаш ќе биде мојот дом и никогаш не би ја исклучил можноста да се вратам и да се обидам да изградам кариера и живот таму, вели Мартин.
Чекањето на вакцината против Ковид-19: Неуспех или придобивка?
Во јавноста, од една страна, има многу критики зошто толку чекаме за вакцините против Ковид-19, но истовремено, од друга страна, голем дел од граѓаните се скептични кога станува збор вакцината од различни причини, па велат дека не е лошо да видиме што ќе се случува во земјите во кои веќе се вакцинира
Ќе ги спасиме ли Охрид и Охридското Езеро?
Додека активистите од граѓанскиот сектор обвинуваат дека не се исполнуваат барањата на УНЕСКО за заштита на Охридскиот регион и помош бараат и од претседателот на државата Стево Пендаровски, од надлежните државни институции убедуваат дека кај нив е вклучен алармот и дека приоритет на Владата е зачувување на статусот на светско наследство на тој регион во УНЕСКО
Кај спортистите нема линија на помал отпор или „не можам“. Разговор со спортскиот психолог проф. д-р Ленче Алексовска-Величковска
Кај нас сè уште немаме висока свест за оваа професија. Најверојатно и поради импровизациите во спортот од типот еден сè да работи
Како се движат тиражите кај нас: Луѓето купуваат од нобеловец до нобеловец
Тиражите на делата на актуелниот нобеловец за литература секогаш растат, но штом се прогласи новиот добитник, опаѓа интересот за минатогодишниот. Сепак, етикетата „нобеловец“ останува и таа секогаш е гаранција за солиден интерес за одредени автори. Кај нас, според некои домашни издавачи и автори, интересот расте, но симболично, а поетите-нобеловци поминуваат полошо од прозаистите
За ПАП - 60 денари, ехо и породување се бесплатни... Кои гинеколошки прегледи следуваат на државен трошок?
Последните настани во кои жена од Струга изгуби матка и бубрег по породувањето и обвинувањата за корупција, чие расветлување допрва се очекува, повторно ја актуализираат темата за грижата за женското здравје и цената за тоа. Но и за тоа колку жените се информирани што им следува на државна сметка и каде и како може да ги пријават неправилностите.
Кога бев студент со проф. Драган Даниловски: Ние овде имавме идеали, имавме силно чувство за заедништво, основен принцип ни беше „еден за сите, сите за еден“...
Од временска дистанца од речиси половина век кога ќе побараат од вас да ги евоцирате студентските денови, тоа станува „невозможна мисија“. Едноставно, како најголем дел од тој период од животот да е запретан под пластови од подоцнежните години, со ваква носталгија во зборовите д-р Драган Даниловски, професор по епидемиологија на Медицинскиот факултет во Скопје, се присетува на неговата студентска приказна.