Владата на Данска објави нови листи за отворени работни места за работници од други земји. Од Агенцијата за меѓународна регрутација и интеграција изјавиле дека на листата со високообразовани работници се отворени 45 работни позиции, а потребни се и 46 работници со вештини.
Потребни се работници во повеќе различни области. На листата со работници со вештини бараат лаборанти, водоводџии, помошници за логистика, секретари, социјални работници, сметководители, помошници за човечки ресурси, фризери, готвачи, градинари, градежни работници и електричари, меѓу другото.
Кога станува збор за високообразованите работници, отворени се работни места во областа на социјалната работа, науката и инженерството, здравството, образованието, економијата, администрацијата, ИТ-секторот и правото.
Листата со отворени работни места е за периодот од 1 јули до 31 декември. Сите отворени работни места може да ги најдете
овде.
Извор:
Schengen visa info
Насловна фотографија: Pixabay