X
 07.03.2016 Образование

Град во кој и петгодишниците одат на училиште со велосипед

Можеби не би пуштиле петгодишно дете само да оди во градинка или на училиште. Во данскиот град Оденсе, работите се поинакви.


Во Оденсе, децата која одат во градинка најчесто одат дотаму со велосипед. Не ги возат со автомобили. Во некои училишта, автомобилите не се добредојдени. Директорот на едно такво училиште за „Вашингтон пост“ вели:

„Ериксен кажа дека тие се небезбедни за стотиците деца кои доаѓаат пеш или со велосипед. Полицијата ќе ги казнува родителите кои ќе се осмелат да паркираат пред училиштето.“


Во градот од околу 200.000 жители, четири од пет деца одат пеш, со велосипед или скејтборд на училиште. Тоа станува сè почесто и во САД. Во 1969, речиси половина од сите ученици во основните и средни училиште пешачело или возело велосипед во оваа земја. Но, тој број се намалил до 2009. Додека бројот на пешаци и велосипедисти повторно расте, повеќето американските деца, родители возат до училиште и назад.


Дури и во Данска, која е позната како велосипедска утопија, стапката на деца кои доаѓаат на училиште со автомобил се зголемила за 200% во последните 30 години. Оденсе многу се потрудил да го поттикне велосипедизмот и изградил мрежа на посебни патеки за велосипедисти.

Се смета и дека патиштата без посебна патека за велосипеди се доволно безбедни за деца велосипедисти, делумно бидејќи големиот број велосипедисти прави возачите да бидат повнимателни. Градот ги поттикнува децата да возат велосипед со програми, награди игри итн.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование