X
 10.08.2022 Економија

Во ЕУ има 1,2 милион празни работни места во туристичкиот сектор

Оваа туристичка сезона дури 1,2 милион работни места во угостителството и туризмот во Европската Унија останале празни. Најпогодени туристичките агенции, авионската индустрија и хотелите, а најголем проблем со недостаток ан работници има Италија, пишува „Пословни“.

Оваа сезона на Италија ѝ недостасуваат дури 250.000 работници во туристичката индустрија. Следува Шпанија, каде што оваа сезона недостасуваат дури 137.000 работници, а најголеми проблеми има во авионската индустрија и хотелите.


Фото: Pixabay

Во Франција оваа сезона има 70.000 празни работни места, а најмногу во авионската индустрија, каде што секое трето работно место е празно. Најмал проблем има Португалија, каде што се потребни 49.000 работници.

Во Хрватска се проценува дека се потребни помеѓу 5.000-10.000 работници во индустријата. Најмногу проблеми имаат микропретприемачите, како угостителите, на кои им требаат мал број работници.

Извор: Poslovni
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија