X
 21.09.2021 Живот

МОН: Студентски оброк за над 18.000 студенти досега, од 1 октомври повторно пријавување

Вкупно 21.693 апликации пристигнаа во рамките на првиот рок за аплицирање на повикот за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк кој траеше од 1 до 30 август, а беше наменет за студентите од втора и повисоките години на студии. Тие се разгледани од страна на надлежната комисија во рамките на Министерството за образование и наука и донесени се соодветни решенија, согласно кои прифатени се 18.149 апликации.

На сите кандидати решението им е испратено на електронската адреса која ја имаат наведено при поднесување на апликацијата, а истото може да се најде и во самата апликација на порталот https://e-uslugi.mon.gov.mk/ (во менито „мои апликации“) и да се преземе од таму. За какви било прашања и дополнителни информации, студентите можат да се обратат на електронските адреси: qenan.sali@mon.gov.mk; nese.mustafa@mon.gov.mk и rahime.memedi@mon.gov.mk.

Следниот рок за пријавување за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк започнува на 1 октомври и ќе трае до крајот на месецот, а се однесува на студентите од новата академска година и оние што не успеаја да го остварат своето право додека траеше претходниот рок за аплицирање на повикот, пишува во соопштението од МОН.

Начинот на аплицирање е дигитализиран, односно пријавувањето се спроведува исклучиво електронски преку порталот https://e-uslugi.mon.gov.mk/ и многу едноставно, со прикачување два документи – пријава и изјава за точност на податоци и се наведуваат податоци за лична трансакциска сметка.

Субвенционираниот студентски оброк е системско решение уредено со закон, со кое на младите значително им се олеснува животот за време на студирањето, односно добиваат по 2.400 денари 9 месеци во годината, средства наменети за купување здрави оброци.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот