Ако некогаш ви се случило да мора да скенирате нешто, а немате скенер, сигурно добро би ви дошла некоја од овие апликации. Вашиот паметен телефон и неговата камера можат добро да ја завршат работата.
1. Abbyy Finescaner
Повеќејазичната апликација за скенирање нуди поддршка за зачувување на документите во 12 формати. Софтверот не само што овозможува скенирање на документите во PDF, JPEG, DOCX и TXT формати, туку користи и оптичко препознавање на знаците за скенирање на текстот на 193 јазици. Компатибилна е со Android и iOS и овозможува скенирање на печатени и ракописни текстови директно од мобилни уреди.
Можете да пристапите до мноштво едноставни алатки за белешки за да додадете потписи и белешки на вашиот текст. По скенирањето, документот можете да го споделите преку е-пошта или да го зачувате во облакот. Апликацијата е бесплатна, но нуди купувања ако сакате да добиете повеќе простор за складирање и други функции.
2. Genius Scan
Ова е многу популарна апликација за скенирање, а програмерите тврдат дека софтверот дигитализирал повеќе од половина милијарда документи во светот. Овозможува претворање на документите во JPEG и PDF датотеки, препознавање на страници, исправање на перспективата и подобрување на сликата.
Како и FineScanner, така и оваа апликација може да ги пренесе документите на Dropbox, Evernote, Expensify, Facebook, Google Drive, OneDrive, OneNote, FTP, SugarSync i WebDAV. Ако скенирате чувствителни документи, можете да ги заштитите со вградено шифрирање, лозинки и Touch ID.
3. Scanbot
Оваа апликација овозможува брз и едноставен начин за високо квалитетно скенирање на iPhone, iPad и Android, а можете да скенирате документи, потврди, налепници, QR кодови и бар-кодови. Апликацијата има алати за средување и оптимизација на скенираните документи, а сите автоматски се бележат со 200+ dpi.
Документите можете да ги зачувате во iCloud, Google Drive, Dropbox, Evernote, Amazon Drive, Slack, Todolist, OneDrive, OneNote и Box. Ако сакате да ги користите документите и за бизнис-цели, можете да ги испратите по факс директно од мобилниот до 50 земји.
4. CamScanner
Оваа апликација е уште едно решение за скенирање на документи, а со неа камерата на вашиот телефон ќе се претвори во скенер, па можете да скенирате од фактури до сметки. Софтверот ги претвора документите во PDF-датотеки, кои автоматски се пренесуваат во Box, Google Drive, Dropbox, Evernote или OneDrive.
Апликацијата овозможува повикување на колегите да го прегледаат и да коментираат на документот, но мора да имаат профил. Тука е и напредната алатка која овозможува додавање белешки во документот, а за поголема сигурност можете да додадете и лозинка. Бесплатна е за Android и iOS и можете да ја надградите на премиум план за да добиете поголем простор за складирање на вашите документи, што, секако, се
плаќа.