X
 04.08.2015 Технологија

Опции кои треба да ги исклучите на новиот Windows 10

Бидејќи Windows 10 е cloud-ориентирана верзија, тоа значи дека вашите лични податоци се споделени со серверите на Microsoft.

 

windows


Генерално, Microsoft докажа дека е компанија од доверба кога станува збор за управување на вашите податоци. Windows 10 досега се покажа како одличен оперативен систем, со една помала грешка, меѓутоа некои од неговите карактеристики и не ви се баш потребни, а може да ја трошат батеријата и перформансите на компјутерот, па добро би било да ги исклучите.

Како да исклучите Wi-Fi Sense

Првата карактеристика која дефинитивно не ви треба е Wi-Fi Sense. Microsoft ја вклучува оваа опција автоматски, со што вашите лозинки од мрежата се споделуваат со пријателите од социјалните медиуми.

Доколку сакате да ја исклучите оваа опција, отворете го Start менито и одете во Settings. Од таму изберете Network & Internet.

 

1


Следно, кликнете Manage Wi-Fi settings. На екранот ќе се појават опциите за Wi-Fi Sense.

 

2

 

Она што треба да го направите е да ги исклучите сите можни опции.

 

3


Како да ја исклучите опцијата Bandwidth Sharing for Updates

Ова значи дека кога спуштате Windows фајл за ажурирање, вие исто така качувате делови од него за други корисници. 

За да ја исклучите опцијата одете во Settings, потоа Update & Security одделот.

 

4


Од Windows Update јазичето на сликата подолу, кликнете Advanced options.

 

5


Потоа одете надолу до долниот дел на страната, па изберете ја опцијата Choose how updates are delivered.

 

6


На крај исклучете го Updates from more than one place.

 

7


Исклучете ја опцијата Automatically-Applied Updates


Со новиот Windows 10 автоматски се ставаат ажурирањата, што површно гледано е одлична опција. Меѓутоа, може да се случи додека го користите уредот да ви се рестартира со цел да се заврши ажурирањето.

Доколку не сакате да го преземете овој ризик, тогаш одете во Settings > Update & Security и изберете Advanced options. Од таму, кликнете Choose how updates are installed.

 

8


На крајот кликнете ја опцијата Notify to schedule restart. Со ова Windows ќе ви даде предупредување пред да се рестартира за да ги примени ажурирањата.

 

9


Исклучете ја опцијата Getting to Know You

Друга опција која дефинитивно не ви е потребна е опцијата Getting to know you. Со оваа опција ви се зачувуваат сите логови од пишување, снимки од вашиот глас, информации од вашите контакти, календарот итн.

За да ја исклучите опцијата, отворете го Start менито и одете во Settings, па изберете Privacy.

 

10


Изберете ја категоријата Speech, inking & typing во левиот дел од менито и кликнете Stop getting to know me.

 


11

 

Исклучете ги рекламите


Со Windows 10, сега добивате уникатен ID за рекламирање за да ви помогне со потаргетирани реклами. Овој ID не може да се отстрани, меѓутоа можете да спречите други апликации да влегуваат во вашите податоци.

За да ја исклучите одете General > Privacy. Од таму, исклучете го Let apps use my advertising ID for experiences across apps.

 

12


Исклучете го пристапот на апликациите до вашата локација, микрофон и вебкамера

Во Windows 10, апликациите можат да добијат пристап до вашиот микрофон, веб камера и локација. Додека за некои апликации има смисла да им е потребен пристап, за други не е воопшто потребно.

Најпрво одете Location во менито Privacy, па потоа одете надолу на крајот на страната за да ги разгледате апликациите кои имаат дозвола за пристап. За да ги блокирате, притиснете off.

 

13


Во истиот оддел одете во Camera за да ги погледнете апликациите кои имаат дозволен пристап до камерата, и направете го истото.

 

14


И на крај, истото направете го и за Microphone кој се наоѓа во истото Privacy мени за да ги погледнете апликациите кои имаат пристап до вашиот микрофон. Преку истата постапка исклучете го пристапот.

 

15


Исклучете ги несаканите апликации во позадина

Оваа последна опција има големо влијание врз батеријата и перформансите на уредот.

Од Privacy менито, одете надолу и изберете Background apps. Од таму, едноставно исклучете се` за да ги спречите апликациите да се појават на самото вклучување на уредот и да не бидат отворени во позадина. 

 

16

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија