X
 21.09.2021 Живот

Свечено затворање и доделување на наградите на ИФФК „Браќа Манаки“

Со доделувањето на фестивалските награди, вечерва во Центарот на култура во Битола, со почеток во 20 часот, свечено ќе биде затворено 42. издание на ИФФК „Браќа Манаки“.

Одлуката за награди ја донесе жирито во состав: Филип Бергсон, Вим Ванакер, Суки Меденчевиќ, Соња Просенц и Димо Попов, а дизајнер на наградите е Димитар Филиповски.

Деновиве публиката можеше да погледне десет долгометражни и десет кратки филма, но и да ужива во богатата понуда на оф-програмата.
На последниот ден од Фестивалот ќе биде прикажан филмот „Титаниум“ во режија на Џулија Дукурно, а кинематографер е Рубен Импенс.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот