X
 21.10.2019 Живот

Еуфорија по Биби пред „Бибиверзум“

„Олку луѓе одамна не сме имале овде...“, коментираа дел од обезбедувањето на ГТЦ

Терасата пред „Бибиверзум“ во Градскиот трговски центар во Скопје завчеравечер беше преполна со деца, родители, баби и дедовци кои дојдоа да го видат омилениот лик од книгите и анимираните филмови – Биби. Вистинска еуфорија се случи кога децата го слушнаа препознатливиот глас, а сè уште не можеа да видат дека таа доаѓа.



- Здраво, другарчиња! Јееј! Дали сте спремни за дружење? - ги праша Биби од зад сцената.
Децата врескаа кога се појави Биби и им кажа колку е среќна што ќе се дружат, играат и пеат. Помалечките, што беа во рацете на нивните родители, ја галеа и ја бакнуваа додека поминуваше покрај нив.

Обезбедувањето од ГТЦ коментираше: „Олку луѓе одамна не сме имале овде...“, додека инсистираа родителите да внимаваат на своите деца, кои беа во првите редови пред бината за да ја видат и да ја прашаат нешто својата омилена другарка Биби.



Наглас ги пееја препознатливите песнички „Светот на Биби е шарен цел“, „Трепкај, трепкај елкичке“ и химната на Биби – „Биби јееј“.

Во рамките на програмата имаше дел и за родителите. Универзитетскиот професор Кирил Барбареев накусо ја претстави новата образовна програмата „Бибиверзум“. Тој е нејзин координатор. Харизматичниот наставник Мартин Поповски накусо го раскажа свето искуство од работата со деца и најави многу интересни нешта што ќе се случуваат во „Бибиверзум“ (веднаш до ресторанот „Џино“).



Пред широката публика беше претставено најновото издание од продукцијата на „Светот на Биби“, прво од ваков вид во Македонија - книгата „Моите омилени места“ заедно со планер на патувања, спакувани во ексклузивна кутија обложена со седефест пластификат. Цената на ова издание е минимална, бидејќи целта е да биде достапно за секое семејство. Текстот во книгата го напиша Билјана Црвенковска, илустрациите се на Михајло Димитриевски-Тхе Мичо, а за графичкиот дизајн се погрижи Кети Пренда.



По завршувањето на програмата Биби одвај се збогува со другарчињата. Сите сакаа да се гушнат, поздрават и да се фотографираат со својот омилен лик. А таа во својот препознатлив стил и глас (актерката Слаѓана Вујошевиќ) им посака добра ноќ бидејќи дојде време за спиење и им вети дека наскоро пак ќе се дружат.

 








Фото: Томислав Георгиев

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот