X
 12.09.2024 Живот

„Светот на Биби“ во друштво со „Марвел“, „Пепа пиг“, „Барби“ на најголемиот Саем за бренд-лиценци во Европа

Македонскиот анимиран бренд „Светот на Биби“ ќе учествува на најзначајниот Саем за брендови и лиценци во Европа, кој ќе се одржи во Лондон од 24 до 26 септември.

„Светот на Биби“ е единствениот бренд од регионот што ќе учествува на овој саем, заедно со водечки светски брендови и компании како „Дизни“, „Лего“, „Мател“, „Нетфликс“, „Хасбро“, „Пепа пиг“, „Барби“ и многу други.

- Нашето учество на овој глобален настан не само што го нагласува креативниот потенцијал на Македонија, туку отвора и нови врати за зголемување на нашето присуство на меѓународната сцена. Овој важен настан ќе ни овозможи да ги покажеме нашите уникатни производи пред светската публика, како и да воспоставиме нови деловни врски и соработки кои ќе ја зголемат нашата видливост во светската креативна индустрија. За нас, ова е уште едно признание за сите години посветена работа. Веќе имаме успешни соработки со регионални телевизии и дистрибутери како „РТЛ Коцкица“ и „Талент шоу“ во Хрватска, „Дексико“ и „Лагуна“ во Србија, и наскоро очекуваме премиери на анимираните содржини на националните канали во Словенија, Бугарија и Турција - изјавија продуцентите на „Светот на Биби“.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот