X
 21.10.2020 Образование

Најдобрите универзитети во светот за 2021 според „Ју-ес њуз & ворлд рипорт“

„Ју-ес њуз“ го објави најновото издание на Најдобрите светски универзитети за 2021 година, а оние од САД повторно доминираат меѓу првите 30. Ова е седма верзија од овие рангирања, со сосема поинаков фокус и методологија од рангирањето на најдобрите колеџи од „Ју-ес њуз“, кое ги мери угледот и резултатите од додипломските програми.

Спротивно на тоа, глобалните оцени се фокусираат на индикатори за продуктивноста на истражувањето и влијанието на научниците.

Рангирањето вклучува оцени за околу 1.500 институции од 86 земји. 255 универзитети беа рангирани од САД, 176 од Кина, 87 од Велика Британија, 70 од Франција и 68 од Германија.

На врвот на листата оваа година уште еднаш се најде „Харвард“. Меѓу топ-10 на листата се универзитети од САД (8) и Велика Британија (2):

1. Универзитетот „Харвард“
2. Институтот за технологија во Масачусетс
3. Универзитетот „Стенфорд“
4. Универзитетот „Беркли“ во Калифорнија,
5. Оксфордскиот универзитет
6. Универзитетот Колумбија
7. Институтот за технологија во Калифорнија
8. Универзитетот во Вашингтон
9. Универзитетот „Кембриџ“
10. Универзитетот „Џонс Хопкин“

harvard
Фото: Freepik

Седум од десетте универзитети рангирани од 11. до 20. место се од САД:

Универзитетот „Принстон“
Универзитетот „Јеил“
Универзитетот во Калифорнија, Лос Анџелес
Универзитетот во Пенсилванија
Универзитетот во Калифорнија, Сан Франциско
Универзитетот во Чикаго
Универзитетот во Мичиген
Универзитетот во Торонто
Универзитетскиот колеџ во Лондон
Кралскиот колеџ во Лондон

Доколку Калифорнија се гледа како посебна земја, таа ќе се најдеше на второто место на листата, зад САД, како дом на најдобрите светски универзитети со 6 од 30 највисоко рангирани институции.

Листата од 2021 година се разликува со таа од 2020 година. Освен ситни преместувања, првите 30 универзитети останаа на исто место. Таквата конзистентност рефлектира два фактора: 1. стабилноста што произлегува од добро развиената истражувачка структура на големите универзитети и акумулираниот интелектуалент талент и 2. инерцијата што произлегува од непроменета, мултифакторска методологија за рангирање.

За разлика од методологијата што се користела за рангирање на најдобрите колеџи, која и покрај годишните ревизии, продолжува да се критикува поради употребат ана субјективни мерки и нагласување на институционалното богатство, Најдобрите глобални универзитети имплементираат 13 фактори кои во голема мера се објективни мерки за продуктивноста на истражувањето и интелектуалното влијание на факултетот поврзан со даден универзитет.

И покрај различните мислења за рангирањата, фактот дека две третини од првите 30 истражувачки универзитети во светот се наоѓаат во САД, значи нешто. Дури и со сите економски и политички превирања со кои се соочуваат, американските истражувачки универзитети ја одржуваат својата колективна репутација како глобални лидери.

ТУКА можете да ја погледнете целосната ранг-листа.

Извор: Forbes
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование