X
 19.10.2018 Образование

Како изгледа каменот? Проверете дали би го положиле приемниот испит на „Оксфорд“

Универзитетот „Оксфорд“ објави примерок од интервју-прашањата за да им помогне на студентите што се подготвуваат и сакаат да студираат на оваа врвна високообразовна установа.

Меѓу прашањата се: „Што не можат да откријат историчарите за времето?“, „Дали религијата вреди кога станува збор за тоа дали постои или не постои Бог?“ и „Како можеме да ја пресметаме масата на атмосферата?“

Потенцијалните научници за Земјата би можеле да го добијат прашањето: „Како изгледа каменот?“, додека на кандидатите по хемија им се дава да пресметаат колку различни молекули би можеле да бидат направени од 6 јаглеродни атоми и 12 водородни атоми.

Во напорите да се направи процесот на интервјуто потранспарентен, престижниот универзитет објави совети како да се одговорат прашањата, на само неколку дена по крајниот рок за пријавување.

Д-р Самина Кан, директор за приемни и теренски работи, изјави дека интервјуата ќе бидат сосема ново искуство за повеќето студенти.

1
Фото: Getty Images


- Знаеме дека многу потенцијални кандидати веќе се загрижени за тоа дека ќе се најдат на непознато место и ќе бидат испрашувани од луѓе што не ги познаваат. Сакаме да нагласиме дека секое прашање што го поставуваат нашите професори има цел, а таа цел е да се процени како размислуваат студентите за нивниот предмет и да одговорат на нови информации и непознати идеи. Без разлика на тоа каква образовна заднина имале или какви можности, интервјуто треба да биде можност студентите да ги претстават своите интереси и способности за избраниот предмет - вели таа.

Лора Танбриџ од колеџот „Св. Кетрин“ објаснува зошто кандидатите за музика би можеле да добијат прашање во кое треба да објаснат на кои начини слушаат музика.

- Прашањето им овозможува на учениците да ги користат сопствените музички искуства како појдовна точка за поширока и апстрактна дискусија за различните начини на кои луѓето консумираат музика, односот помеѓу музиката и технологијата и како музиката може да нѐ дефинира социјално - вели таа.

Питер Грув од колеџот „Ворчестер“ ги советува кандидатите по теологија како да ја објаснат вредноста на религијата, без разлика дали постои Бог или не.

- Ова е прашање кое се надеваме дека секој кандидат по теологија и религија ќе ужива да го одговори. Тоа покренува голем број прашања за проблемите што треба да ги истражуваат - вели Питер.

Кандидатите што успешно ќе го поминат првиот круг со нивната писмена апликација ќе бидат поканети на интервју во декември.

- Знаеме дека сѐ уште постојат недоразбирања во врска со интервјуата кај нас, па затоа даваме што е можно повеќе информации, со што ќе им овозможиме на студентите да ја видат реалноста на процесот - рече д-р Кан.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование