X
 21.10.2021 Култура

Концерт на виртуозите на виолина Анна Кондратенко и Ева Богоевска во Филхармонија

Виртуозите на виолина Анна Кондратенко и Ева Богоевска, вечерва во 20 часот, ќе настапат како солисти на концертот со Македонската филхармонија под наслов „Контемплација со Перт и Шнитке“. Диригент е маестро Емил Табаков од Бугарија, а на програмата се Кончерто гросо бр.1 од А.Шнитке, Трисагион од А.Перт и „Малата Данелиада“ од Г.Канчели.

Анна Кондратенко е родена во Новосибирск, Русија, каде што почнала да свири виолина на 4 години. Како солист има настапувано со низа симфониски оркестри низ светот, а моментално работи како концерт-мајстор и солист во оркестарот на Македонската филхармонија и како концерт-мајстор и солист на оркестарот на F.A.M.E.‘S Project во Скопје.

Богоевска неодамна беше наградена од УКИМ за најдобар студент од Музичката академија во Скопје, со завршен просек од 10,00 за учебната 2019/2020. Таа почнала да изучува виолина на седумгодишна возраст во класата на проф. Анна Кондратенко. На 16-годишна возраст се запишала на Факултетот за музичка уметност во Скопје, како најмлад студент во државата и е добитник на многу државни и меѓународни награди.

фото: Македонска филхармонија


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура