Аеродромот „Данидин“ во Нов Зеланд предизвика вистинска бура од реакции со воведувањето на контроверзното правило што ги ограничува прегратките во зоната за поаѓање на само три минути.
Да, добро прочитавте: три минути за последен бакнеж, прегратка или солза, а ако сакате да го продолжите емотивното збогување, знакот сугерира дека тоа треба да продолжите да го правите на паркингот.
Полициски час за гушкање и бакнување
Оваа необична забрана ја подели јавноста. Додека некои корисници на социјалните мрежи се жалат поради „полицискиот час“, прашувајќи дали наредниот чекор ќе биде мерење на времето за ракување, други саркастично забележуваат дека е вистинско чудо што аеродромот сè уште има места за слетување, со оглед на постојаното зголемување на таксите и казните.
Извршниот директор на аеродромот, Даниел де Боно, ја бранеше одлуката велејќи дека аеродромите се познати по тоа што се „емотивни жаришта“. Де Боно се потпира на истражување кое вели дека прегратката што трае 20 секунди е доволна за да се активира експлозијата на окситоцин, хормонот на љубовта.
- Брзото дивжење значи повеќе прекратки за повеќе луѓе - вели тој, како прегратките да станаа еден вид брзински спорт.
Соломоново решение
За оние кои сакаат на раат да се збогуваат, паркингот нуди бесплатни 15 минути за емотивно збогување. Де Боно вели дека низ годините неговиот тим видел доста интересни работи на паркингот.
Дали е ова навистина крај на долгото, филмско збогување на аеродромот или само знак за времето во кое живееме? Очигледно ни љубовта нема време за чекање.
Извор:
24sedam.rs
Фото: Freepik