X
 12.11.2021 Живот

Јапонски машиновозач ја тужи компанијата поради казна од 0,49 долари за задоцнување

Машиновозач од Јапонија ја тужи компанијата во која работи откако му биле скратени 56 јени, односно околу 0,49 долари од платата. Компанијата „ЏР Вест“ го казнила вработениот откако тој предизвикал задоцнување од една минута на воз во јуни 2020 година.

Компанијата тврди дека при задоцнувањето вработениот не работел. Од друга страна, машиновозачот бара отштета од 2,2 милиона јени, односно околу 19.407 долари за менталните тешкотии што ги доживеал поради ситуацијата.

Според локалните медиуми, машиновозачот требало да вози празен воз до станица во Окајама, но ја згрешил платформата додека го чекал возот. Кога сфатил дека станува збор за погрешна платформа, побрзал до вистинската, но поради тоа почнал со работа две минути подоцна, а тоа предизвикало едноминутно задоцнување на возот.


Фото: Pixabay

Компанијата првично му ја намалила платата на машиновозачот за 85 јени, односно 0,75 долари, но подоцна се согласила да ја намали казната на 56 јени.

Машиновозачот повторно одбил да ја прифати казната бидејќи неговото задоцнување не предизвикало промени во возниот ред или за патници бидејќи возот бил празен. Сега тој ја тужи компанијата бидејќи таа одбила да ја укине казната.

Извор: BBC
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот