Неколку интересни
цитати на познатиот режисер и актер Вуди Ален :
1. Ако сакате да го насмеете Бог, кажете му ги своите планови!
2. Времето е средство со кое природата спречува сите работи да се случат одеднаш.
3. Храброста ја изразуваме преку безбројни ситници кога ги исполнуваме своите обврски или искусуваме нови работи кои би ни помогнале во подобрувањето на животот. Многу луѓе се плашат да ризикуваат и повеќе им се допаѓа празен, предвидлив живот кој постојано се повторува.
4. Можете да ја доживеете стотата година ако се одрекнете од работи заради кои би сакале да ја доживеете стотата година.
5. Двата најголеми митови кои се поврзани со мене е дека сум интелектуалец бидејќи носам очила и дека сум уметник затоа што моите филмови губат пари.
6. Постојат два типа на луѓе во светот – добри и лоши. Добрите спијат подобро, но изгледа дека лошите повеќе уживаат во часовите кога се будни.
7. Кога „угнетувачите“ ќе станат престроги, добиваме нешто што е познато под поимот полициска држава, во која е забрането кикотење, јавно носење на вратоврски, или обраќање на градоначалникот со „дебели“.
8. Ако се утврди дека Бог постои, сметам дека не е злобен. Најлошото што може за него да се каже е дека не ги исполнил очекувањата.
9. Ако мојот филм направи само една личност да се чувствува очајно, тогаш ќе сметам дека сум ја завршил својата работа.
10. Кога маж и отвора врата од автомобил на една жена, тогаш или автомобилот е нов, или жената.