Дали некогаш сте забележале дека кога некој цитира позната личност во разговор, веднаш добива поголем кредибилитет, а неговите зборови изгледаат многу поинтересни и посериозни.
Цитатите од познати личности не се само мудри зборови, туку тие можат да ви покажат како да живеете, на пример, да изберете да бидете извонредни, да си го поставите својот пат во животот наместо да следите нечии соништа.
- Научив дека луѓето ќе заборават што сте кажале, што сте направиле, но никогаш нема да заборават како сте направиле да се чувствуваат - Маја Ангелоу.
- Научив дека храброста не е отсуството на стравот, туку победување на стравот. Храбар човек не е оној што не се плаши, туку оној што го победува стравот - Нелсон Мандела.
- Крајот на нашите животи почнува дента кога стануваме тивки за работи што се важни - Мартин Лутер Кинг.
- Ако слушнеш глас во тебе што ти вели: „Не можеш да црташ“, тогаш цртај и тој глас ќе биде замолчен - Ван Гог.
- Не се важни годините во твојот живот, туку животот во твоите години - Абрахам Линколн.
- Сите мислат да го променат светот, но никој не мисли да се промени себеси - Лев Толстој.
- Не стремете се да бидете успешни, туку да бидете вредни - Алберт Ајнштајн.
- Секогаш држете го лицето кон сонцето - и сенките ќе паѓаат зад вас - Волт Витман.
- Вашето време е ограничено, па затоа не трошете го живеејќи нечиј живот - Стив Џобс.
- Двата најважни дена во твојот живот се дента кога си се родил и дента кога ќе откриеш зошто си се родил - Марк Твен.
- Запомни: Никој не може да те натера да се чувствуваш инфериорен без твоја дозвола - Еленор Рузвелт.
- Среќата не е нешто што е веќе направено. Доаѓа од твоите сопствени дела - далај-лама.
- Кога една врата на среќата се затвора, друга се отвора. Но, често предолго време гледаме во затворената врата, па не гледаме дека нова се отворила за нас - Хелен Келер.
- Ако погледнеш во тоа што го имаш во животот, секогаш ќе имаш повеќе. Ако погледнеш во она што го немаш во животот, никогаш нема да имаш доволно - Опра Винфри.
- Секое дете е уметник. Проблемот е како да остане уметник кога ќе порасне - Пабло Пикасо.
- Изгради ги сопствените соништа или некој друг ќе те вработи да ги изградиш неговите - Фара Греј.
- Најголемата одмазда е масивниот успех - Френк Синатра.
- Нашиот избор покажува кои сме навистина, многу повеќе од нашите способности - Џ.К.Ролинг.
- Верувај дека можеш и на половина пат си од целта - Теодор Рузвелт.
- Животот е она што ти се случува додека си зафатен правејќи други планови - Џон Ленон.
- Никогаш не сонував за успехот, работев за него - Естел Лодер.
- Не грижи се за неуспехот, грижи се за шансите што ги пропуштат кога не се ни обидуваш нешто - Џек Канфилд.
- Го припишувам мојот успех на ова: Никогаш не давав и не прифаќав никаков
изговор - Флоренс Најтингел.
- Мислам дека е можно обичните луѓе да изберат да бидат извонредни - Илон Маск.