X
 21.11.2018 Живот

Најшарената улица во светот

Во квартот Ла Бока во Буенос Аирес треба да го следите патот до стадионот „Ла Бомбонера“ и да прошетате низ најшарената улица што некогаш сте ја виделе, улицата „Ел Каминито“.

Таму ќе видите голем број улични продавачи што нудат неверојатни нешта, ќе видите уметници што сликаат, пеат и играат среде улица. Токму оваа улица им ги украде срцата на туристите, а поради тоа што е живописна, се смета и за уметничко дело.

Фото: B92

Некогаш токму тој дел од градот бил сиромашен кварт во кој живееле луѓе што работеле на бродоградилиштата. За да имаат што поубав поглед на својот крај на крајот од работниот ден, тие ги обоиле своите домови во различни бои.

Фото: B92

Бидејќи немале пари за боите што ги сакале, ги обоиле во боите што биле најевтини. Сепак, резултатот е совршен.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот