Достапноста на дроновите драматично го промени светот на фотографиите и стана дисциплина што опфаќа голем број љубители на фотографијата, но и на дроновите. „Дронстаграм“, моментално најпопуларниот онлајн-сервис на кој се споделуваат фотографии исклучиво направени со дрон, четврта година по ред донесува победници од овој престижен меѓународен натпревар на кој креативноста и квалитетот на фотографиите се оценети од тим на експерти, вклучувајќи ги и оние од „Нешнл џиографик“. Меѓу илјадниците фотографии постигнати на натпреварот,
жирито избра 20 најдобри за 2017 година.