На Балканот имаме „лежечки полицајци“. Во Шпанија има повеќе видови, а во Словачка се сетиле на нова ефикасна идеја - 3Д пешачки премин.
Двајца млади архитекти измислиле тродимензионална илузија на пешачките премини. На патот тие изгледаат како опасна препрека на патот и ги приморуваат возачите рефлексно да закочат.
Принципот е многу едноставен. На оддалеченост од 10-15 метри изгледа како тродимензионален објект. Така, кога возачот ќе се приближи до преминот, ќе се исплаши и автоматски кочи.
Претходно, вакви пешачки премини беа претставени и во Индија.