Дизајнерот Валентино Гарери создаде концепт наречен „Училиште во вид на куќарка на дрво“. Станува збор за одржлива и модуларна едукативна зграда што ја истакнува врската на децата со природата. Дизајнот овозможува да има одделенија и возрасни групи на повеќе нивоа, вклучувајќи училница што се наоѓа на покривот и комбинирање отворени со затворени едукативни активности.