X
 03.03.2018 Образование

Дали физичкото здравје е поврзано со поквалитетно учење?

deca

Махатма Ганди еднаш рекол: „Здравјето е вистинското богатство, а не парчињата злато и сребро“. И навистина, нашата физичка благосостојба е клучот за тоа како ќе ги живееме нашите животи. Физичкото здравје е важно за учењето.

Децата што редовно вежбаат, имаат добра исхрана и добар сон, имаат поголема веројатност да одат на училиште и да имаат добри резултати. И придобивките не се гледаат само кај децата: доброто физичко здравје е поврзано со зголемен квалитет на животот, зголемена продуктивност на работното место и зголемено учество во заедницата и општеството.

Сепак, децата и младите луѓе низ ОЕЦД не се ангажираат доволно за да го одржуваат здравјето. Помеѓу 2000 и 2016 година податоците од ПИСА покажуваат дека децата и младите имаат помала веројатност да постигнат минимални препорачани дневни нивоа на физичка активност. Исто така, кај нив била помала веројатноста да имаат квалитетен сон и поголема веројатноста да имаат прекумерна тежина и дебелина и лоша исхрана.

Овие трендови се крајно загрижувачки. Нездравиот животен стил е поврзан со повисоки стапки на кардиоваскуларни болести и дијабетес тип 2. Овие болести сега се видливи кај деца на возраст од две години.

Образованието е уникатно поставено да биде позитивно влијание врз здравјето на учениците. Новообјавениот труд за најновите трендови идентификува два од најефикасните видови интервенции во училиштата:

Градење здрава училишна средина: ова вклучува едукативни интервенции, промоција на здравјето, советување и стратегии за управување за промовирање на здравјето и физичката кондиција. Овие пристапи треба да ја вклучат целата заедница. Интервенциите поврзани со животната средина треба да се развиваат со децата и младите додека тие растат. Градењето училишна култура е исто така клучно за ефективната, одржлива промена во однесувањето на децата. За да работат на тоа, на наставниците им се потребни училишни лидери и соодветна обука, време и ресурси.

Менување на ставовите кон ризичното однесување: на пример, универзалните училишни интервенции за спречување на употребата на дроги. Интервенциите ги вклучуваат наставните програми што се фокусирани на знаење (настава поврзана со ризиците), наставните планови за социјална компетентност и општествени норми. Систематскиот преглед на литературата покажа дека во целост, интервенциите во комбинација со социјалните компетенции и пристапи за влијание, имале постојани позитивни придобивки. Интервенциите што се фокусирале само на пренесување на знаењето, од друга страна, имале ефект на подобрување на знаењето, но не влијаеле врз однесувањето.

Покрај училишните интервенции, поддршката, клучни се и охрабрувањето и моделирањето на здрави навики за животниот стил во домашната средина и во заедницата. Всушност, дури и најдобрите училишни интервенции имаат корист од вклучувањето на други актери, како што се здравствените работници и членовите на семејството и заедницата.

Во извештајот се истакнува дека интервенциите што ја вклучуваат заедницата, кои таргетираат одредени шеми на однесување и користат повеќе стратегии за промена на однесувањето се најефективни. Вклучување на засегнатите страни во дизајнирањето, спроведувањето и користењето на технологијата, каде што е соодветно, исто така може да помогне за промена на однесувањето на децата и адолесцентите. Ова е особено важно за обесправените заедници бидејќи не само што постои поголема веројатност да се вклучат во ризичното однесување во начинот на живеење во овие услови туку и постои поголема веројатност за намален пристап до услугите (поради високата цена, локацијата или недостигот на транспорт), вклучувајќи безбедни објекти за физичка активност, како што се зелените површини.

Наставниците, родителите, заедниците и креаторите на политиките имаат важна улога во поддршката на физичкото здравје и благосостојбата на децата и адолесцентите. Со заедничко работење за вметнување на здравјето во образованието може да се направи голем чекор за поддршка на физичкото здравје и благосостојбата на децата и адолесцентите.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование