X
 16.05.2015 Образование

НОВА - една сосема поинаква гимназија

Гимназијата НОВА е училиште кое едуцира, инспирира и развива млади луѓе со цел целосно да го поттикне нивниот академски и личен потенцијал и да станат социјално одговорни и толерантни индивидуи кои ја почитуваат човечката разновидност.

 

nova


Нивната филозофија на работење е тоа дека академскиот раст треба да биде воден од страна на наставници кои ќе се грижат и кои ќе донесат културни искуства за училница во која се наоѓаат различни ученици. Кога станува збор за наставната програма, целта на НОВА е да ги предизвика способностите на учениците и да ја истакне практичната примена.

Според НОВА, училиштето е место кое треба да има доволно ресурси и нови информатички технологии достапни за сите ученици. Личниот раст треба да биде воден од страна на значајни активности за лидерството на учениците, проекти во служба на општеството, како и учество на меѓународни настани и спортски настани. Училиштето треба да биде колаборативна заедница која ќе се протега на сите четири страни на светот и треба да биде безбедно место кое ги слави сите индивидуални и културни разлики на учениците.

Верувањата на НОВА се засноваат на сигурна животна средина во училиштето, образовни програми кои ги предизвикуваат способностите на луѓето како и етичко и одговорно однесување кон околината на секој член на училишната заедница и почит кон човековата различност.

Позади себе ова училиште има многу успеси, меѓу кои победи на два меѓународни натпревари по математика на Асоцијацијата на акредитирани меѓународни училишта од Југоисточна Европа и секако, голем број на студенти кои се запишале на најпрестижните светски универзитети како Харвард, Универзитетот во Калифорнија, Универзитетот во Оксфорд и многу други. Успесите на гимназија НОВА низ годините можете да ги погледнете на ОВОЈ ЛИНК
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование