X
 14.03.2021 Наука

Подобра вентилација како алатка во борбата против Ковид-19

По една година од прогласувањето на пандемијата, знаеме како се шират инфекциите од Ковид-19 и наместо да вложуваме напори во чистење и дезинфекција на површините, треба да се насочиме кон подобра вентилација и филтрација на воздухот.

Кога почна пандемијата, повеќето луѓе се фокусираа да не допираат површини и постојано да ги дезинфицираат. Но, денес е јасно дека САРС-КоВ-2 најчесто се шири преку капки и аеросоли што лебдат во воздухот.

Сепак, голем напор и многу пари и понатаму се трошат на чистење и дезинфицирање наспроти инвестирање во подобри системи за вентилација и филтрирање во затворени простории.

Џо Ален од училиштето за јавно здравје „Чен“ при Универзитетот „Харвард“ опишува како треба да се направат напори за зградите да бидат „поздрави“ во борбата против Ковид-19.


Извор: Knowablemagazine.org
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука