X
 06.06.2016 Технологија

Креативни видео игри кои ќе ве направат попаметни

Загатките се долго време со луѓето. Создадени за да ги тестираат вештините на луѓето за решавање на проблеми, тие помагаат во мерењето на интелигенцијата на луѓето. Но, загатките се многу повеќе од забава - неодамнешното истражување покажа дека луѓето кои играат вакви игри еден или два часа дневно, ги подобруваат извршните функции на мозокот.

 

1


Мозокот со добри извршни функции им овозможува на луѓето да донесуваат подобри одлуки, да ја подобрат нивната логика и когнитивните способности. Доколку сакате да ги подобрите функциите на вашиот мозок, ова се некои од креативните игри кои би можеле да ги играте во вашето слободно време.

1. „Doodle God“

 

1


Доколку ви се дадени четирите главни елементи - оган, вода, земја и ветер, дали ќе можете да го изградите светот? Оваа уникатна игра ви овозможува да создадете и да откриете широка колекција на елементи преку различни комбинации на материјали. Играчите можат да видат како нивниот свет расте како што тие започнуваат од создавање на едноставни организми како што се бактериите, планктоните и црвите до свет исполнет со луѓе, алатки и армии.

Играта можете да ја преземета тука.

2. „Fire Boy and Water Girl“

 

2


Истражувајте ги храмовите и урнатините со најслаткото дуо во оваа прекрасна игра во која е потребна тимска работа. Целта на играта е едноставна - играчите мораат да соберат дијаманти и да стигнат до вратата за да стигнат до следното ниво. Двојката ќе се соочи со многу опасности и пречки по патот - и потребни си се еден со друг за да стигнат до различни точки на секое ниво. Играта има повеќе од 50 предизвикувачки нивоа и бара доста стратешко планирање. Ако сте љубител на мултиплеер игрите тогаш ова е вистинската за вас.

Играта можете да ја преземете на „Google Play“ или може да ја играте на некоја онлајн страна.

3. „Scribblenauts“

 

3


„Напиши било што, реши било што“ - ова е еден вид на игра која на играчите им овозможува да повикуваат предмети, луѓе и животни преку едноставно пишување на зборот со цел да реши неколку загатки и барања во играта. Главниот лик во играта е Максвел - момче кое има магична тетратка која може да материјализира се' што тој ќе напише. Тој може да повика различни видови предмети, луѓе или животни во сите бои и големини.

Играта можете да ја преземете тука или на „Google Play“.

4. „Finger Physics“

 

4


Дајте му на вашиот мозок добра вежба играјќи ја оваа игра која има 27 нивоа и ги користи законите на физиката за да ги вметни пречките и загатките во играта. Играчите се соочуваат со предизвикот и треба да размислуваат логично за тоа како објектите ќе се движат во реакција на дразбите, како во реалниот свет. Целта е да се постигнат задачите кои се презентирани во секое ниво. Предизвиците стануваат се' потешки како што се напредува во играта. Иако е едноставна во својата графика, таа е доста добро дизајнирана и доста зависна.

Играта e достапна тука или може да се преземе на Google Play“ и „iTunes“.

5. „Age of Wonder Puzzle Game“

 

5


Поставена во древен Еипет, ова е кратка игра каде играте како стар филозоф облечен во партали додека се обидувате да ги едуцирате граѓаните. Целта на играта е да обезбедите на сите да им дадете ролни и да решите различни видови на пречки. Играта бара стратегија и планирање затоа што камењата и ролните треба да ги користите за да пробиете ѕидови и статуи.

Играта е достапна тука.

6. „Аxon“

 

5


„Axon“ е забавна логична игра која го стимулира нервниот развој на мозокот. Играчот мора за брзо време да кликне на протеинските цели во својот простор пред кругот да се собере. Моќните протеини ви помагаат низ играта - тие го зголемуваат вашиот круг на влијание.

Играта е достапна тука.

7. „Simple Motions“

 

7


Развиена од Роман Конјуков, ова е стратегиска игра каде играчот ја насочува топката до црвеното знаме со цел да остане на патот. Играчите мораат да ја соберат потребната количина на ѕвезди за да го поминат нивото.

Играта е достапна тука.

8. „The Equator“

 

8


Ова е одлична математичка игра чија цел е да го тестира вашето математичко знаење преку едноставни математички равенки. Додека треба да ги пронајде точните математички равенки, играчот исто така треба да спречи коцките да не се натрупаат.

Играта е достапна тука.

9. „The Book of Treasures“

 

9


За фановите на игрите со зборови ова е одлична игра со неверојатна приказна. Приказната се одвива околу ликот Џесика Вест која е библиотекарка во античка библиотека во која се претпоставува дека се наоѓа египетски ракопис. Играта може да се игра на три начини преку кои треба да го пронајдете изгубениот ракопис.

Играта е достапна тука.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија