Најмалку четири лица загинаа и повеќемина се повредени во невремето што попладнево ја погоди Турција.
Две жени ги загубија животите во истанбулските окрузи Есенјурт и Султангази, додека градежник загинал во градот Зонгулдак. Морето се прелеа и крововите беа однесени од ветерот во некои провинции во Измир, Коџаели и Бурса.
На снимките објавени на социјалните мрежи може да се види како се руши една саат-кула, како ветерот носи кровови, знаци, превртува камиони и други штети кои се нанесени.
Во продолжение можете да ја погледнете штетата од невремето.
Извор:
Daily Sabah
Насловна фотографија: screenshot