X
 12.01.2018 Живот

Чудни нови летови во 2018 година

Во година кога е речиси сигурно дека рекордите во авиосообраќајот над Атлантикот ќе бидат надминати, најавени се два правци помеѓу Европа и Северна Америка.


Првиот е неделен правец од Париз до остров помеѓу Њу Фаундленд и Нова Шкотска во Канада. Дестинацијата е Сент Пјер, геополитичка аномалија длабоко во канадските краишта. Сент Пјер, заедно со соседот Микелон, е доделен на Франција во 1713 година, па летот е дел од францускиот домашен сервис. Секој понеделник од 2 јули до 20 август ќе се реализира летот, а до островот се пристапува со траект од јужен Њу Фаундленд, или воздушен транспорт од Сент Џон, Халифакс или Монтреал.

Летот, кој трае 5 и пол часа, чини 1.021 евро, а достапни се и летови во еден правец. Новиот воздушен правец, кој се опишува како експериментален, главно има цел да обезбеди шанса за луѓето од островот да патуваат назад во Париз.

Од 25 мај, пак, во САД, Канзас Сити го добива првиот трансатлантски лет. Ќе се воведат 3 лета неделно од Рејкјавик до најголемиот град во Мисури. Канзас Сити е родниот град на авијатичарката Амелија Ерхарт. Со овој лет Канзас Сити станува петтиот среден град во САД што ќе им посака добредојде на патниците од Европа. Други такви градови се Кливленд, Индијанаполис, Нешвил и Сент Луис.
Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот