Доколку би ги прашале луѓето како би изгледало идеалното општество, сигурно ќе добиете многу различни одговори. Можеби некои ќе предложат општество без војни, каде што сите ќе соработуваат за изнаоѓање заеднички решенија за проблемите. Некои, пак, можеби ќе предложат општество во кое нема да се одгледува добиток.
Научниците креирале нови калкулации базирани на прашањето: Што ако САД престанат да одгледуваат добиток? Како би изгледало општество без одгледување добиток. Нивниот одговор е комплициран.
Сметаат дека отстранувањето на добитокот од САД би ги намалило штетните емисии на стакленички гасови, но исто така би се создал проблем со снабдувањето со храна на популацијата во САД.
Денешните општества се базираат и на растенија и на добиток. Климата се менува благодарение на големите количини емисии на штетни гасови во атмосферата на годишно ниво. Околу четвртина од емисиите во САД доаѓаат од земјоделството, а поголемиот дел од одгледувањето добиток. Исто така, популацијата се зголемува, па новите луѓе ќе мора да се прехрануваат, а земјоделството во САД се соочува со низа проблеми.
Истражувачите пронашле за 23 проценти зголемување на количините на достапна храна, во поголемиот дел житни култури, и намалување од 28 проценти во емисиите на стакленички гасови. Сепак, нашле и за 2,6 процента намалување во севкупните емисии на стакленички гасови. Пронашле и недостатоци од хранливи материи во американската исхрана.
Замислата за исхрана без месо е само модел, што значи дека има свои ограничувања и не треба да се земе како единствен и правилен. Иако има и позитивни и негативни страни, вистината е дека не би било едноставно и лесно сите да станат
вегани.